Објавено видео од егзекуцијата на водачот на „Гробари“

Водачот на навивачката група на Партизан, „Гробари“, Љубомир Кичо Марковиќ, беше убиен во петокот навечер во Белград, а денеска беше објавено и видео од неговата егзекуција.

Една од сигурносните камери од локалите во близина го фатила моментот кога убиецот му се приближува на Марковиќ. Тој го забележува пиштолот и почнува да бега, но не може да побегне бидејќи убиецот го стигнува и со неколку куршуми го усмртува водачот на „гробарите“.

Се вчитува...