Обрадовиќ контра НБА Европа: Малку им е тоа што го имаат…

Најтрофејниот европски кошаркарски стратег, Жељко Обрадовиќ говореше за најавеното ново европско кошаркарско натпреварување НБА Европа кое се очекува да започне од сезоната 2027/28.

Српскиот стратег со девет шампионски титули во Евролигата верува дека иднината на европската кошарка е само Евролигата.

„Не ми се допаѓа тоа воопшто бидејќи тука имаме одлично натпреварување и мораме да продолжиме да веруваме во овој проект. Иднината на европската кошарка е Евролига. Доаѓањето на НБА… Малку им е тоа што го имаат па сега сакаат да дојдат и тука. Како ќе изгледа тоа? Не знам. Имаат право на тоа, нека се борат па кој сака нека им се приклучи“, изјави Обрадовиќ.

Партизан и Црвена Звезда добија тригодишни лиценси, а Обрадовиќ верува дека заслужуваат да добијат и неограничен договор.

„По се што прават Звезда и Партизан треба да имаат постојано место во Евролигата. Треба да помине ова лудо време и кога ќе заврши тоа да се говори само за кошарка, тоа да биде доминантната тема“, додаде српскиот стрег.

Се вчитува...