Обрадовиќ: Миротиќ? Многу повеќе ќе водам сметка за момците кои ги имам тука!

Жељко Обрадовиќ го собра тимот на Партизан на стартот од подготовките за новата сезона.

Во малата сала во „Штарк арена“ во Белград, Обрадовиќ го реализираше првиот собир притоа истакнувајќи ги амбициите на тимот за новата сезона.

„Со големи амбиции ја чекама сезоната. Имавме интересно лето, а не чека напорна сезона. Ќе имаме 42 натпревари во првите четири месеци и затоа е важно добро да се подготвиме. Не сме комплетно, но фокусот ќе биде на создавање хемија. Тоа и тоа како е важно“ – рече Обрадовиќ, запрашан и околу преодниот рок.

„Преферирам ако треба да бидат донесени помалку засилувања, но квалитетно. А не доведување кошаркари ради ред“.

Следеше и прашање за Никола Миротиќ, како најголема сага од минатото лето, но Обрадовиќ брзо стави точка на таа тема.

„Миротиќ? Многу повеќе ќе водам сметка за луѓето кои се овде. За Никола веќе зборуваа лицата од клубот“ – порача Обрадовиќ.

Се вчитува...