Иако направи многу проблеми, сепак, Жалгирис немаше сила до крај да парира на тимот на Црвена Звезда во 4. коло во Евролигата. Така „црвено-белите“ под водство на новиот тренер Саша Обрадовиќ дојдоа до победа од 88-79, пред се благодарение на одличниот последен период кој го доби српскиот тим со 31-21.
Двата тима се менуваа во водство во текот на натпреварот, Жалгирис се закануваше да ја украде победата, но носени од своите навивачи во последниот период успеаја да дојдат до пресврт и до конечен триумф.
Најефикасен беше нигерискиот интернационалец Нвора кој постигна 24 поени. Кај Жалгирис Букевичиус и Ло постигнаа по 14 поени.
Анадолу Ефес успеа да дојде до голем триумф на гостувањето кај Олимпијакос во Атина со 82-78. Турскиот тим во последниот период дојде до предност и до победа на овој неизвесен меч. Свидер со 20 поени и Ларкин со 18 ги однесоа Турците до триумф. Кај Олимпијакос Петерс постигна 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

