Очигледно нема никаква повреда – Надал го „збриша“ Вавринка на егзибициски меч

Рафаел Надал очигледно нема никакви проблеми со повредата на стапалото за која вели дека е голем проблем сезонава. Иако Шпанецот некогаш можеме да го видиме и со штаки тој на теренот е неверојатен и веќе славеше на првите два гранд-слем турнира сезонава.

Иако беше под знак прашалник неговото учество и на Вимблдон, сепак популарниот Рафа и тоа како е подготвен за неофицијалното светско првенство во тенис. Тој денеска во егибицискиот меч во Харлингем го „збриша“, Швајцарецот, Стен Вавринка со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-3.

Во вториот натпревар на овој егзибициски меч Новак Ѓоковиќ ќе игра против Канаѓанецот, Феликс Оже-Алиасим.

Се вчитува...