Од готово – вересија: Барса водеше 0:3 на полувреме, на крај остана без два бода во Виго (ВИДЕО)

Ниту водство од 0:3 не беше доволно за Барселона, конечно, да дојде до победата во Ла Лига. „Прокоцкаа“ Каталонците три бода за едно полувреме. Во вториот дел беа анемични, изгубени, а тоа Селта го казни и со гол на Аспас во 95. минута успеа да донесе бод.

Имаше Барса проблеми на стартот, кога Селта можеше да поведе, и тогаш мечот би се одвивал во друг правец. Меѓутоа казни најпрво Фати во 5. минута, а потоа Бускетс успеа да зголеми на 0:2. Депај во 34. минута постигна уште еден гол за 0:3 и се чинеше дека ќе оствари триумф.

Меѓутоа Селта брзо се врати со два гола, и намали на 3:2. Аспас и Нолито донесоа неизвесност во последните 15 минути, а не само тоа, туку Селта во 95. минута успеа да даде убав гол и преку Аспас да го израмни резултатот.

Барселона остана во шок и не знаеја што им се случува, и како успеаја да пропуштат да ги освојат трите бода на овој меч.

Се вчитува...