Од Мадрид во Манчестер: Фановите на Челси во шок, Реал веќе почнал преговори за ослободување на Азар

Екс-ѕвездата на Челси, Еден Азар во јануари би можел да го напушти Реал Мадрид бидејќи целосно го разочара шпанскиот тим по неговата преселба во екипата во 2019 година. Тренерот Карло Анчелоти го отпишал Белгиецот и го ставил на листата за продажба, а Реал веќе му го понудил Азар на Манчестер јунајтед.

Веројатно постои мала шанса Азар да потпише за „црвените ѓаволи“ и така да го предаде Челси за кој играше неколку години со многу успех, но во фудбалот се е можно. Ваква сторија испиша и Лео, легендата на Барса за која никој не помисли дека ќе замине во Каталонија и ќе заигра во друг клуб.

Инаку, Азар сезонава одигра 10 натпревари за „кралевите“ и постигна само еден гол, што е вистинско разочарување за фудбалер кој е платен повеќе од 100 милиони евра.

Се вчитува...