ОД МОЈ АГОЛ – Ванчо Димовски: Ниту бевме најдобри на светот кога победувавме, ниту сега сме најслаби

Во желбата за што поголемо доближување до играта на ракометната репрезентација, ЕКИПА преку стручните анализа на поранешни македонски репрезентативци ќе се обиде од еден посебен агол да ги издвои квалитетите и недостатоците, предностите и мааните во однос на противниците, очекувањата од овој национален тим. Натпреварот против Шпанија за Вас го анализира Ванчо Димовски…

=====================================================================================================

Поминаа првите четири натпревари на светското првенство, можам да кажам очекувано резултатски. Натпреварот со Шпанија го загубивме, но морам да кажам дека во овој момент се што треба да сториме е да останеме мирни и да го чекаме мечот за кој дојдовме на овој Мундијал. Поразот од Шпанците никако не смее да ја поремети репрезентацијата, ниту бевме најдобри во свет по стартните две победи, ниту пак сега сме најслаби. Се случи она што го очекувавме, пораз од Шпанија за кој би кажал дека не испадна воопшто лошо во првото полувреме, имаше работи кои можеме да ги повториме и на денешниот дуел.

Потегот да се чуваат клучните играчи беше очекуван, но резултатот од првто полувреме даде надеж дека можеме до чудо. Затоа и малку тешко ни паднаа првите минути од второто полувреме и коментари од типот „Веднаш се предадовме“ итн… Треба да се верува на стручниот штаб, дека го повлече правилниот потег. Исто така, мора да сме свесни дека немаме повеќе од 10 играчи од кои можеме да очекуваме нешто на решавачки меч како овој денешниот со Исланд.

Сите се свесни дека денеска ќе нема „не можев, лошо ми ја даде, се лизнав“, туку напротив – ќе се гине за секоја топка, ќе пукаат коски во одбрана, дека секој шут ќе биде на глава… па што биде нека биде. И да се загуби во таква игра не би било трагично, а ако се победи би било супер. Бидејќи од 2009 година па се досега на секое првенство сме ја минувале првата фаза, се надевам дека низот ќе продолжи и на ова СП“.

Се вчитува...