Од Тоти до Имобиле: Докторите во Италија со фудбалски имиња на заштитните скафандери

Медицинските лица се вистинските херои на денешницата, во првите борбени редови од војната што човештвото ја води со коронавирусот. Италијанските лекари најдоа начин за барем ронка забава додека се во болниците, па дел од нив на скафандерите и што ги носат ги испишаа имињата на своите омилени фудбалери.

Така, Имобиле е најчесто користен во болниците во Рим, заедно со дефанзивецот Ачерби, а за дел од лекарите еден и единствен останува Франческо Тоти, иако легендата на Рома веќе две сезони е во пензија.

Тука се и Лаутаро, Белоти и уште неколку фудбалски велемајстори, кои со години наназад биле инспирација за медицинските лица, кои пак сега се инспирација за целиот свет со она што го прават во оваа тешка битка со опасната болест.

Се вчитува...