Одбиена жалбата на Ромелу Лукаку

Ромелу Лукаку нема да настапи на Интер за реваншот од полуфиналето во Купот на Италија против Јувентус, откако беше одбиена неговата жалба за црвениот картон заработен во финишот од првиот дуел со „старата дама“.

Лукаку вообичаено во последните месеци ги прославува головите со рака преку устата, како порака за замолкнување на критичарите. Овојпат неговата прослава за израмнувачкиот гол во судиското продолжение беше разбрана како провокација до домашните навивачи, кои и расистички го навредуваа, за што Лукаку доби втор жолт картон и воедно беше и исклучен.

Лукаку и Интер се жалеа со аргумент дека тој навистина сите последни голови ги прославувал на таков начин, но оваа жалба беше одбиена, па тој дефинитивно нема да може да настапи на реваншот закажан за 26 април.

Се вчитува...