Одбојкарите до 20 години со пораз од Косово се пласираа на дното од Балканијадата во Тирана

Надежите на машката одбојкарска репрезентација на Македонија го освоија последното шесто место на турнирот за играчи до 20 години.

„Црвено-жолтите“ ја завршија Балканијадата со пораз од Косово, 2-3 во сетови (25-19, 25-12, 20-25, 24-26, 13-15) иако ги добија првите два сета, а во вториот и тоа како беа убедливи.

Претходно, во групната фаза, нашите одбојкарски надежи беа поразени од фаворитите Бугарија и Србија.

Се вчитува...