Одбојкарите ги стартуваа подготовките за ЕП

Македонските одбојкари го одработеа првиот тренинг од подготвителниот процес за настапот на Европското првенство чијшто коорганизатор ќе биде и Македонија на крајот на август и на почетокот на септември. На списокот на селекторот Јошко Миленкоски се 19-мина репрезентативци, сите повикани и во мај и во јуни за Европската златна лига, а во тој состав националниот тим ќе работи до крајот на месецов, односно до првите контролни натпревари против Романија од 4-ти до 6-ти август во Скопје. Тогаш Миленкоски ќе го скрати
списокот за тројца или за четворица играчи.

Откако ќе заврши тој сегмент од подготовките, македонските одбојкари ќе се преселат во Кавадарци каде што ќе играат со Израел и со Јапонија, а потоа ќе се вратат во старата база, салата „Борис Трајковски“ каде што ќе биде одржан традиционалниот меморијал „Чајка“ како последна проверка пред третото учество на континенталните собири.

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Давид Стојанов
Коректори: Никола Ѓорѓиев, Стефан Алексов
Примачи: Александар Љафтов, Владо Милев, Стојан Илиев, Лука Костиќ, Ангел
Бошковски, Тоше Ефремов
Либера: Дарко Ангеловски, Костадин Ричлиев, Васе Михаилов
Средни блокери: Филип Маџунков, Филип Савовски, Филип Лепидовски, Иван
Андонов, Славе Наков

Се вчитува...