Одбојкарите и по вторпат поразени од Србија на тестот во Белград

Македонската одбојкарска репрезентација загуби од Србија и на вториот контролен натпревар во Белград во рамките на подготовките за настапот на ЕП.

Одбојкарите загубија со 3-0 од домаќинот Србија, по сетови 25-13, 25-18 и 25-22. Како и на вчерашниот натпревар, европскиот шампион доминираше во играта со активна предност од самиот почеток на сетовите.

Во македонската селекција најдобар беше Никола Ѓоргиев со 17 поени а Маџунков натпреварот го заврши со десет поени.

За македонските одбојкари по враќањето во Скопје е подготовката за учеството на 45. издание на традиционалниот турнир „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“.

Се вчитува...