Одбојкарите на „мегдан“ со Русија за крај на ЕП 2021

Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска против големиот фаворит Русија ќе го заврши настапот на Европското првенство 2021 година.

Во групата која се игра во финскиот град Тампере „спартанците“ во првите четири натпревари запишаа ист број на порази, а шансата за триумф беше прокоцкана на мечот против Шпанија, репрезентација која беше најблиску до нашиот квалитет.

Денеска против Русија од 16 часот „црвено-жолтите“ треба да одиграат за престиж и да го дадат својот максимум на денот кога Македонија слави 30 години од својата независност.

Се вчитува...