Одбојкарите на Струмица и со трет пораз ги завршија настапите во квалификациите од Лигата на шампионите

Одбојкарите на македонскиот шампион Струмица запишаа и трет пораз во групата на квалификацискиот турнир во Лигата на шампионите кој викендо се играше во Бургас.

По поразите од домашниот Нефтохимик и од црногорскиот шампион Будва во првите две кола, младиот состав на струмичани кој на овој турнир не можеше да смета на странските засилувања, денеска загуби и во третото коло со идентични 3-0 во сетови и од унгарскиот шампион Фино Капошвар.

Се вчитува...