Одбојкарите на Струмица ја слават деветтата шампионска титула!

Одбојкарите на Струмица ја слават својата деветта шампионска титула во македонското одбојкарско првенство.

Струмичани синоќа на најдобар можен начин ја заокружија доминацијата во македонскиот шампионат. На домашен терен убедливо со 3-0 ја совладаа Шкендија, и експресно во само три натпревари ја завршија финалната серија од плејофот, без ниту еден загубен сет за титула.

На тој начин Струмица ја одбрани и минатогодишната круна, кога стигнаа и до трофејот во Купот на Македонија. Актуелнава сезона струмичани ја завршија без ниту еден загубен меч во првенството и во Купот на Македонија.

Се вчитува...