Одбојкарите на тренинг: Данска е зад нас, да бидеме уште подобри против Црна Гора

Македонските одбојкари се доволно искусни за да не се полета во облаци по одличното издание и триумфот над Данска во првото коло, свесни дека утрешниот меч со Црна Гора е клучен за нашиот пласман во следната рунда.

„Црвено-жолтите“ напорно го одработија денешниот тренинг, внимавајќи на детали кои ги потенцира селекторот Миленкоски кои дефинитивно ќе бидат многу важни во битката за триумф.

Црна Гора барем на хартија важи за нешто послаб противник од селекцијата на Данска, но на сите им е јасно – најважно ќе биде Македонија да одигра најдобро што знае, бидејќи ако тоа се случи, бодрени од верната публика нашите одбојкари ќе бидат на чекор до триумф и историско осминафинале на еден европски шампионат.

Се вчитува...