Одбојкарите по триумф во Хрватска, одбојкарките против Летонија желни барем за првиот сет во Европа

Двете македонски одбојкарски репрезентации, во машка и во женска конкуренција, денеска ги продолжуваат натпреварите во златната, односно, сребрената лига на Европа.

Машкиот состав против Хрватска ќе игра за трета победа во Европската златна лига. По поразот на гостувањето во Белгија, во меч во кој беше покажана квалитетна игра, избраниците на Јошко Миленковски вечерва од 20 часот гостуваат во Загреб против Хрватска. Сега, со нов атак за триумф.

Девојките, пак, исто така со желба за освојување барем на првиот сет по своето враќање на европската сцена. Денеска на гости против Летонија од 16 часот со желба и за триумф.

„Се надеваме на првиот сет, а веруваме и во прва победа на дебито во Европската сребрена лига“ – порачуваат од македонската женска одбојкарска селекција.

Се вчитува...