Одбојкарите поразени од Египет на стартот на МИ

Македонската одбојкарска репрезентација доживеа пораз на стартот на машкиот турнир на Медитеранските игри кои се одржуваат во алжирскиот град, Оран. „Црвено-жолтите“ во првиот натпревар загубија од Египет со максимални 0-3, по сетови (23-25, 23-25 и 20-25).

Првите два сета поминаа во неизвесна игра, а само подобрата концентрација на Египќаните во клучните моменти беше доволна за да поведат со 0-2 во сетови. Во третиот сет нашите одбојкари немаа веќе сила за ништо повеќе и ја загубија оваа игра со 20-25.

Овој пораз веројатно ќе значи и крај за Македонија на игрите, бидејќи во последното коло популарните „Спартанци“ ќе се сретнат со фаворитот Италија кој во првото коло лесно славеше над Египет.

Се вчитува...