Одбојкарите поразени: Словачка го освои меморијалниот турнир „Чајка“

Македонските одбојкари не успеаја да го освојат 45. меморијален меѓународен турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ откако во одлучувачкиот натпревар загубија од Словачка во три сета, со 17-25, 25-21, 22-25 и 22-25.

Македонија шансата за триумф на мечот ја загуби во третиот сет, кога при 1-1 во сетови, беше во можност за освојување на третиот тест но дозволија Словаците да дојдат до пресврт за 22-25 во третиот сет. А потоа со идентични 22-25 Словачка го доби и четвртиот сет за конечна победа од 1-3.

За МВП на турнирот беше прогласен капитенот на Словачка, Томаш Кришко, а за најдобар техничар на турнирот беше прогласен македонскиот репрезентативец Филип Деспотовски.

Овој турнир беше последната проверка за македонската репрезентација пред настапот на Европското првенство во Финска. Националниот тим до 28. август продолжува со подготовките во Скопје а потоа се патува за Тампере на европскиот шампионат.

Се вчитува...