Одбојкарите против Албанија за враќање на победите во Европската сребрена лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва на домашен терен ќе ја пречека селекцијата на Албанија во натпревар од третото коло од годинашното издание на Европската сребрена лига.

„Спартанците“ по првите две кола имаат половичен учинок, откако на стартот дома славеа над Босна и Херцеговина со максимални 3-0, додека на вториот меч одигран во Романија загубија од истоимената репрезентација со 3-2.

„Црвено-жолтите“ влегуваат како големи фаворити на вечерашниот меч и се надеваат на максимална победа со која ќе се врати самодовербата пред одлучувачките мечеви во групата Б.

Натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје е закажан во 20.15 часот.

Се вчитува...