Одбојкарите со супер-пресврт до триумф над Израел

Македонската одбојкарска репрезентација по голема битка славеше над Израел со 3-2 во сетови, во мечот што се играше во салата „Јасмин“ во Кавадарци како дел од подготовките на нашиот национален тим за претстојниот европски шампионат.

Израелците изненадија со подобра игра на стартот, добивајќи го првиот сет со убедливи 17-25, а потоа и вториот со 22-25. Сепак, Македонија успеа да се разбуди во вистински момент, славеше во третиот сет со 25-22, а штом се врати самодовербата во нашиот табор, рутински беа добиени и следните два сета, со 25-19 и со 15-10.

Нашиот национален тим утре со почеток во 20 часот ќе одигра уште еден меч во Кавадарци, каде за противник ќе ја има селекцијата на Јапонија.

Се вчитува...