Одбојкарките беа многу блиску до сет, но повторно загубија со 3-0

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го забележа и петтиот пораз во Сребрената лига, откако денеска беа поразени на гостувањето кај Летонија со 3-0, по сетови 25-19, 25-17 и 31-29.

„Црвено-жолтите“ девојки на овој меч беа најблиску до освојување на сет, откако во третиот имаа предност и од 20-23, но на крајот сепак Летонките беа подобри со 31-29.

Македонија по враќањето во репрезентативната одбојка годинава ги очекува уште само мечот против Австрија на гостински терен.

Се вчитува...