Одбојкарките поразени и од Италија

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години го забележа и четвртиот пораз на Европското првенство кое се игра во нашата држава.

Овојпат подобра од „црвено-жолтите“ девојки беше фаворизираната Италија со очекувани максимални 3-0, по сетови 25-13, 25-7 и 25-14.

Нашите избранички најдобро го одиграа последниот сет во кој успеаја да стигнат до 14 поени, додека беа очајни во втроиот завршувајќи го со само седум поени.

Утре Македонија ја чека последниот меч од групната фаза против репрезентацијата на Полска.

Се вчитува...