Одбојкарките поразени од Финска на стартот на Европското првенство (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Одбојкарската репрезентација на Македонија до 19 години со пораз од Финска го започна настапот на Европското првенство кое од денеска се одржува во Македонија. Финките беа далеку поквалитетен противник и со максимални 3-0, по сетови (25-10, 25-19 и 25-20).

Нашите одбојкарки како во грч го почнаа мечот, па првиот сет го загубија со убедливи 25-10. Иако во продолжение одигравме поквалитетно, немавме сили за ништо повеќе од 19 и 20 поени во следните два сета.

Во второто коло Македонија утре ќе се сретне со Словенија која исто така загуби во првата рунда од Полска со 3-0.

 

Се вчитува...