Одбојкарската репрезентација на Македонија се најде на 47. место на светската листа

Одбојкарите на Македонија се наоѓаат меѓу најдобрите 50 одбојкарски репрезентации во светот, што значи дека и понатаму остануваат на истата позиција во рамки на најновата ранкинг листа.

„Спартанците“ ја заземаат 47-та позиција со вкупно 102 бода. Пред нас се Естонија, Словачка, Грција, Шпанија, Венецуела… додека веднаш зад нас се селекции како Црна Гора, Шведска, Азербејџан, Австрија, Израел.

Лидерската позиција во светот припаѓа на Полска, зад неа се Бразил и Франција, а најдобрата десетка ја комплетираат Русија, Италија, САД, Аргентина, Јапонија, Иран и Словенија.

Се вчитува...