Одбрана на вечерта: Љорис чудесно го запре Бензема

Навивачите на Реал Мадрид веќе ја видоа топката во мрежата во 55. минута кога по еден центаршут Бензема се најде осамен на пет метри. Францускиот голгетер шутираше со глава, но на спротивната страна го имаше Љорис, кој со извонредна интервенција со левата нога успеа да ја одбие топката и да не дозволи водство на „кралевите“.

Се вчитува...