Одбраната на Англија – голем проблем за Тухел

Англија претрпе минимален пораз од 2-3 од Шпанија на стартот на новото издание од Лигата на Нации, што беше причина повторно да се јават критичарите на Томас Тухел.

Трагичар на дуелот дефинитивно е капитенот Хари Кејн, кој промаши пенал при водство од 2-1, по што стигна казната со два гола на Шпанците во второто полувреме.

Она што е загрижувачки за Тухел е катастрофалното издание на одбраната на Англија на последните натпревари. Имено, Англија под водство на германскиот стратег на првите 17 меча со Тухел за селектор прими само седум гола, а токму овој дел од тимот беше посочуван како клучен за успесите.

Ситуацијата во меѓувреме се промени, Англичаните на последните шест средби во сите натпреварувања примија дури 13 погодоци. Ривалите беа силни, на завршницата од СП и на стартот на Лигата на нации, но Англија токму со вакви ривалии во иднина ќе се бори за трофеи на големит натпреварувања.

Притисокот врз германскиот стручњак станува се поголем, засега опасност од отказ не постои, но на Тухел му е јасно дека мора да почне час поскоро да испорачува бидејќи е јасно – очекувањата кога станува збор за „гордиот албион“ секогаш се највисоки.

Се вчитува...