Одличен меч на Барди, убедлив триумф на Леванте

Леванте ја прекина серијата од девет натпревари без победа и славеше убедливо против Бетис (4-0) на домашен терен. Со овој триумф составот од Валенсија се искачи на 14.позиција на табелата со 37 бода.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра одличен меч, принудувајќи го ривалот да си постигне автогол, а беше и асистент на четвртиот гол. Кампања во осмата минута донесе водство, а Лорен во 32.минута си постигна автогол. Во вториот дел Моралес од пенал и Коке, по асистенција на Барди, донесоа убедлив триумф за Леванте.

Се вчитува...