Одлична вест за Клоп – Матип ќе биде подготвен за дербито со Јунајтед

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп доби одлични вести пред големото дерби против Манчестер Јунајтед во Премиерлигата. Дефанзивецот Жоел Матип најверојатно ќе биде подготвен за големото дерби на Англија кое се игра на 17. јануари.

Неговото опоравување оди во одличен правец. Тој веќе почнал да тренира и за очекување е да биде подготвен за мечот против „црвените-ѓаволи“.

Ливерпул е лидер на табеалта во Премиерлигата со 33 освоени бода, но само поради гол-разликата бидејќи и Јунајтед досега освои ист број на бодови.

Се вчитува...