Фудбалската суперѕвезда Нејмар го заврши својот прв целосен тренинг со Бразил. Се очекува 34-годишниот напаѓач да игра на последниот натпревар од групната фаза на Бразил против Шкотска во Мајами, откако ги пропушти првите два натпревари поради повреда на десниот лист.
Најдобриот стрелец на бразилската репрезентација на сите времиња го изрази своето задоволство од учеството на тренинзите со своите соиграчи во објава на социјалните мрежи.
„Фала му на Бога. Толку сум среќен!“, напиша асот на Сантос.
Нејмар последен пат играше за својот клуб на 17 мај, а неговото враќање во репрезентацијата на Бразил ќе ја донесе потребната енергија за натпреварот против Шкотланѓаните. Екипата на Анчелоти е лидер во Групата Ц, но е израмнета по бодови со второпласираниот Мароко, против кого ремизираа 1-1. Во нивниот втор натпревар, Бразилците го победија Хаити со 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
