Одлична вест – Алонсо се враќа во Формула 1?

Шпанецот Фернандо Алонсо е на чекор од враќање во „најбрзиот циркус“ во светот, Формула 1 и тоа уште сезонава како замена за Пјер Гасли во редовите на Ред Бул.

Двократниот светски шампион би можел да седне во болидот на Ред Бул, бидејќи австрискиот тим не е задоволен од перформансите на Французинот Пјер Гасли, бидејќи во споредба со неговиот клупски колега Макс Верстапен има 107 поени помалку освоено.

Враќањето на Алонсо во Формула 1 би бил голем плус за Ред Бул, бидејќи во тимот ќе имаат возач кој ќе може да ги подобри перформансите на болидите.

Се вчитува...