Одлично засилување: Барселона тргна по потписот на Брозовиќ

Барселона е подготвена да ги исполни финансиските барања на Марсело Брозовиќ за да го примами во своите редови, пренесуваат италијанските медиуми. Хрватскиот репрезентативец и Интер не можат да се договорат за продолжување на соработката, главниот проблем се финансиите, а каталонскиот тим е подготвен да направи се за да го доведе искусниот играч во своите редови.

Брозовиќ е дел од Интер во последните седум години каде пристигна од Динамо Загреб во трансфер вреден 8 милиони евра. Одличните настапи за „нероаѕурите“ му ја кренаа цената високо на трансфер маркетот па како еден од клучните играчи на тимот во последните неколку сезони според Трансфермаркт сега вреди 40 милиони евра.

Искусниот хрватски репрезентативец досега одигра 271 натпревар за миланскиот клуб на кои постигна 26 гола и 35 пати асистираше до своите соиграчи.

Се вчитува...