Одложен натпреварот Еурофарм Пелистер – Татабања

Натпреварот од првото коло од групата Ц од Лигата на Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Татабања нема да се одржи во предвидениот термин, на 20 октомври во 18.45 часот, поради огромниот број на заразени ракометари на унгарскиот тим.

Раководството на Татабања уште пред неколку дена поднесе барање за одлагање на овој натпревар, а вечерва пристигна и официјалниот одговор од ЕХФ – мечот се одложува поради неможноста на гостите да состават тим за да допатуваат во Битола.

Според првичните информации, нема шанси „пелистерци“ да добијат службена победа, туку мечот ќе биде презакажан за нов датум, во договор со двата клуба и носителите на ТВ-правата.

Се вчитува...