Oдложен стартот на Арсенал – Келн

Натпреварот меѓу Арсенал и Келн што беше предвиден да почне во 21.05 часот ќе стартува со задоцнување од еден час поради слабата организација од страна на домаќинот.

Имено, инвазијата од гостински навивачи беше причина за „топчиите“ стравувајќи од судир да го променат протоколот при влез на стадионот „Емирати“. Имено, над 20.000 германски фанови дојдоа денеска во Лондон, а од нив билети имаат нешто повеќе од 3.000. Сепак, фактот дека тие се собраа во огромен број пред „Емирати“, и тоа пред вратите наменети за домашните навивачи, беше причина лондонскиот клуб да ги држи вратите затворени додека полицијата не ги изолира германските фанови.

Целата ситуација се одолговлечи, па откако стана јасно дека нема никакви шанси трибините да се наполнат навреме, Арсенал по консултациите со официјалните лица обелодени дека почетокот е презакажан за 22.05 часот.

Се вчитува...