Одложени уште три трки во Формула 1

Одложени се уште три трки во Формула 1 шампионат, потврдија од ФИА. Одложени се и големите награди на Шпанија, Холандија и Монако, поради пандемијата од коронавирусот која го зафати светот.

Досега покрај тоа што беше откажана ГН на Австралија, беа одложени и трките за големите награди на Кина, Бахраин и Виетнам што значи дека сигурно до 24. мај останавме без трки во најбрзиот циркуз во светот.

ФИА и Формула 1 потсетија дека здравјето во моментов е поважно од се друго и дека ќе се обидат да најдат решение овие трки да бидат одржани по завршувањето на кризата.

Се вчитува...