Одлучено: Дарушафака и Виртус Болоња ќе играат во Белград

Конечно, пронајдено е „соломонско решение“ за одигрување на решавачкиот натпревар од групата Е од Еврокупот меѓу Дарушафака и Виртус Болоња, кој не може да се игра во Истанбул поради забраната на турските власти за летови со италијански граѓани, поради страв од ширење на коронавирусот.

Овој натпревар, чиј победник ќе се пласира во четвртфиналето од Еврокупот, ќе се игра во Белград, а единствената дилема е дали тоа ќе биде в четврток или в петок. Евролигата презеде контрола над ситуацијата откако стана јасно дека не постои законска можност италијанскиот тим да отпатува за Турција. Притоа, Дарушафака бараше мечот да се игра во Берлин или Франкфурт, каде има огромен број на турско население, но во ситуација на опасност од коронавирус оваа опција беше отфрлена.

Според постигнатиот договор, мечот ќе се игра во Белград, но пред празни трибини, а за официјализација на терминот се чека само дозвола од Министерството за Здравје на Република Србија.

Се вчитува...