Одлуката за евентуална казна на Гостивар ќе се носи во петок

Комисијата за натпреварување во рамки на ФФМ откако ќе го добие писмениот извештај од Комисијата за верификација за случајот “спорна регистрација за фудбалер на ФК Гостивар”, ќе одлучува по случајот согласно прописите од правилникот за натпреварување, истакнаа од ФФМ по повод жалбата на неколку второлигаши за настап на  играчот Гордијан Христовски кој немал право да настапува.

Седницата на која Натпреварувачката комисија ќе одлучува е закажана во петок, 24. февруари.

Во меѓувреме играчите, раководството и дел од фановите на Гостивар се пред ФФМ чекајќи ја одлуката. Од тимот на Гостивар се огласија дека не се тие виновни, и дека нема ништо спорно, односно дека системот „Комет“ дозволил да биде регистриран Христовски и да се стекне со право за настап.

Од Гостивар ја чекаат конечната одлука, па најавуваат други чекори, особено ако заработат казна или суспензија.

Се вчитува...