ОФИЦИЈАЛНО: Битола го доби Еурофарм Пелистер

Ракометните клубови на Пелисетер и Еурофарм Работник постигнаа договор за фузирање на двата клуба, што значи дека Битола го доби Еурофарм Пелистер. Првите луѓе на Еурофарм од една и општина Битола од друга страна ставија потпис на договор со кој се очекува да се врати сјајот на ракометот во градот на конзулите.

Со овој договор Битола останува со два клуба, едниот кој ќе се вика Еурофарм Пелистер и ќе биде прв клуб, додека вториот го доби името Еурофарм Пелистер 2. Годишниот буџет на клубот ќе изнесува 60 милиони денари, а општина Битола се обрвза да издвојува по 15 милиони денари во следните пет години.

Се вчитува...