Чаби Алонсо и официјално е претставен како нов тренер на премиерлигашот Челси, објави лондонскиот клуб утрово. Шпанскиот тренер се договорил за се со клубот во саботата кога веста за неговото преземање на Челси беше објавена.
Чаби Алонсо претходно беше тренер на вториот тим на Реал Сосиедад, Баер Леверкузен и Реал Мадрид. Тој го напушти мадридскиот клуб во јануари оваа година по поразот од Барселона во Суперкупот, а долго време се шпекулираше дали доброволно ја напуштил клупата или Флорентино Перез го отпуштил.
Шпанецот ќе потпише четиригодишен договор со Челси период во кој ќе треба да го врати клубот на шампионските патеки.
Chelsea Football Club is delighted to announce the appointment of Xabi Alonso as Manager of the Men’s Team.
The Spaniard will begin his role on July 1, 2026, having agreed a four-year contract at Stamford Bridge.
Welcome to Chelsea, Xabi!
— Chelsea FC (@ChelseaFC) May 17, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
