ОФИЦИЈАЛНО: Чави е нов тренер на Барселона!

Чави е нов тренер на Барселона, потврдија од катарскиот клуб Ал-сад. Раководството на тимот потврди дека постигнале договор со каталонскиот тим околу враќањето на легендарниот фудбалер на „Камп ноу“.

Каталонскиот клуб со Чави постигнал договор до 2024 година. Чави се очекува првиот натпревар на клупата на Барселона да го има по интернационалната пауза, бидејќи последниот меч пред квалификациските мечеви Каталонците ќе го играат утре против Селта Виго.

Легендарниот фудбалер помина вкупно 22 години во Барселона каде беше дел и од Б – тимот, период во кој прерасна во најдобар фудбалер на својата позиција.

Се вчитува...