Официјално: Џејкоб Вајли е нов кошаркар на Будуќнoст (ФОТО)

Натурализираниот македонски репрезентативец Џејкоб Вајли е нов играч на црногорскиот првак Будуќност. Крилниот играч кој сезоната ја започна во Гран Канарија, во главниот град на Црна Гора доаѓа од редовите на Сарагоса каде заврши по собирот на македонската репрезентација на неуспешниот „балон“ во Естонија.

Транферот на интересен начин во најави и агентот на Македонецот, Мишко Ражнатовиќ кој на својот Твитер профил објави дека уште од времето на СФРЈ Македонците во летниот период одат во Црна Гора.

Се вчитува...