Искусниот играч за врска Џордан Хендерсон потпиша двегодишен договор со Челси. Хендерсон е второто засилување на „сините“ на возраст од 36 години во изминатата недела, по Дени Велбек.
Новиот менаџер Чаби Алонсо одлучи да се потпре на искусни и прекалени фудбалери, па доаѓањето на двајцата ветерани значително ќе ја зголеми просечната возраст на играчкиот кадар на „Стемфорд бриџ“.
Хендерсон ќе настапува за третиот клуб во кариерата што некогаш ја освоил Лигата на шампионите, бидејќи претходно беше дел и од холандскиот Ајакс. Тој самиот го крена пехарот со „црвените“ во 2019 година.
Својата кариера ја започна во Сандерленд уште во 2008 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
