ОФИЦИЈАЛНО: Гонзало Гарсија е нов фудбалер на Фулам

Гонзало Гарсија и официјално е нов фудбалер на Фулам. Дваесет и двегодишниот Шпанец пристигна во лондонскиот тим од Реал Мадрид на барање на тренерот Арбелоа, кој исто така премина од „кралскиот клуб“ во Фулам во претходниот преоден рок.

Вкупната вредност на трансферот изнесува 40 милиони евра плус дополнителни два милиони евра, а Реал ќе задржи 30 проценти од наредната продажба.

Гарсија е дел од Реал уште од својата десетта година, но немаше многу можности за настап во првиот тим. Како дел од екипата, тој освои една титула во шпанското првенство и стана светски клупски шампион.

На 35 натпревари за Реал постигна 6 гола.

Се вчитува...