Официјално: Гвардиол во Сити до 2031 година

Јошко Гвардиол ги разреши сите дилеми околу иднината откако денеска го потпиша новиот договор со Манчестер Сити. Хрватот се наметна како еден од најдобрите дефанзивци во Премиер-лигата во последните години, но пропушти значаен дел од ланската сезона поради тешка повреда на коленото.

Гвардиол летово беше желба на гиганти како Реал Мадрид и Баерн Минхен, но хрватскиот репрезентативец покажа лојалност, даде приоритет на преговорите со Сити и денеска потпиша нов договор со важност до јуни 2031 година.

“Од првиот момент кога Сити покажа желба да ја продолжиме соработката, јас знаев дека тоа е она што и ја го сакам. Фановите се фантастични кон мене од првиот ден, клубот прави се за своите фудбалери и говорам искрено кога велам дека не постои место каде што би сакал да играм освен Манчестер Сити“, изјави Гвардиол по потписот на договорот.

Тој е член на Манчестер од летото 2023 година кога пристигна од редовите на Лајпциг. Оттогаш, тој има 122 настапи за Манчестер Сити, притоа постигнувајќи 13 погодоци.

Се вчитува...