ОФИЦИЈАЛНО: Јарамаз се врати во Партизан

Српскиот репрезентативец Огњен Јарамаз потпиша двегодишен договор со Партизан. Јарамаз израсна во Партизан каде почна како кадет, па по јуниорската епизода стана професионалец во Мега, играше и за шпански Бургос, а во 2019 година стигна до првиот тим на поранешниот европски првак.

Со одличните настапи во следните две години заработи трансфер во Баерн Минхен каде ги мина претходните две сезони.

Јарамаз во дресот на Партизан освои два трофеја во купот на Србија и АБА Суперкупот, заедно со титулата најкорисен играч во финалето на националниот куп 2020 година.

Минатата сезона во Евролигата имаше просек од 6,6 поени со 1,4 скока и 1,2 асистенции.

Се вчитува...