Официјално: Ќатип Османи нов тренер на Шкендија

Македонскиот вицепрвак Шкендија и официјално има нов шеф на стручниот штаб за следната сезона. Како што веќе беше најавено, Ќатип Османи го презема кормилото на клубот и се враќа во Шкендија на голема врата, откако се раздели со својот досегашен клуб Ренова. Промоцијата на Османи во јавноста ќе се случи наредните денови, а тој потоа и ќе ја изврши првата прозивка на фудбалерите за новата сезона.

Во Шкендија се случија неколку кадровски промени, формиран е и нов Надзорен одбор на клубот, а, според најавите, многу повеќе внимание во иднина ќе се посвети и на работата на младинската школа. Дали тоа значи дека Шкендија конечно сфати дека ќе треба да ја промени стратегијата и да се откаже од ангажман на голем број странски фудбалери, од кои повеќето ниту малку не се поквалитетни од домашните играчи.

Се вчитува...