Официјално: Кеан во Евертон за 30 милиони евра (ВИДЕО)

Младиот италијански фудбалер Моизес Кеан официјално е нов фудбалер на премиер-лигашот Евертон.

19-годишниот фудбалер ги помина медицинските прегледи, по што потпиша договор со тимот од „Гудисон“ до 2024 година. Клубот од Ливерпул, за младиот фудбалер на Јувентус му исплати 30 милиони евра, плус уште 10 милиони кои ќе треба да бидат исплатени како бонуси.

Тој ќе заработува три милиони по сезона, а иако во договорот нема опција за враќање, Јувентус ќе може да ја израмни понудата доколку од Евертон еден ден се решат да го продадат.

 

Се вчитува...