Официјално: Килијан Мбапе потпиша за ПСЖ!

Килијан Мбапе го комплетираше трансферот во ПСЖ, на едногодишна позајмица од тимот на Монако, со обврска парискиот клуб следната година да исплати 145 милиони евра. Неговиот договор ќе важи до 2022 година.

Супер-талентираниот Французин конечно ја завршува сагата околу неговата иднина, иако сите го гледаа во дресот на Реал Мадрид, ПСЖ е клубот кој на крај одлучи да ја плати сумата што ја бараше раководството на Монако.

„Пресреќен сум, но пред се сум горд што ќе играм за овој клуб. Секое дете во Париз сонува да игра за великанот ПСЖ. Амбициите на клубот се главната причина поради која пристигнав тука, сметам дека можеме да оствариме големи успеси. Со моите нови соиграчи се надевам дека ќе продолжам да напредувам, а воедно ќе можам да помогнам на клубот да испишува нови страници во историјата“, истакна Мбапе.

Се вчитува...