ОФИЦИЈАЛНО: Лакроа е нов фудбалер на Челси

Францускиот фудбалер Максанс Лакроа е нов играч на Челси, соопшти англискиот клуб.

Лакроа потпиша договор со Челси до 2032 година, а доаѓа од Кристал Палас за 60 милиони евра.

„Навистина сум среќен што сум дел од овој прекрасен клуб. Сите ја знаат историјата на Челси и неговата победничка традиција, така што ова е навистина момент на гордост. Кога разговарав со менаџерот, сфатив дека ги делиме истите цели и желби. Сакаме да победуваме, имаме квалитетни играчи за највисоки дострели. Нашата амбиција е да освојуваме трофеи и едвај чекам да дадам свој придонес“, изјави Лакроа.

Се вчитува...